На 22. 10. 2017 година, во 20-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на светиот апостол Јаков; преподобниот Андроник и неговата сопруга Анастасија; светите праведни Авраам и Лот; свети Димитриј, патријарх Александриски; свети Стефан, деспот српски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, во организација на женската секција при црковната општина и овааа година се организира донаторски ручек во соработка со Фондацијата за борба со ракот на дојката. Како и секоја година и оваа година одзивот беше голем и се собраа $13.500 кои ќе бидат приложени во фондот.
Инаку женската секција при МПЦО „Света Петка“ во Рокдејл веќе девет години го организира овој настан и е една од организациите кои се меѓу најактивните и најуспешни организации во држвата Нов Јужен Велс
Настанот го поздрави г-ѓа Розмери Петровиќ од Фондацијата за борба на ракот на дојката, која и самата ја поминала оваа болест.
Голема благодарност на сета македонска заедница, која отворено го подржува настанот и се срдечно донираат за помош со оваа лоша болест.