Цветници во храмот „Свeти пророк Илија“ во Квинбијан (Нов Јужен Велс)

На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влeгувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, протојереј Ѓорѓи Митев служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

 

Кога Царот, седејќи на осле, влегол во Ерусалим, сите луѓе – деца, возрасни, старци, простирајќи ја својата облека и со палмови гранчиња во рацете, кои се симбол на победата, брзо Го пресретнале, како Животодавец и Оној Кој ја победил смртта. Паднале на колена пред Него и потоа оделе по Него, не само на влезот од градот, туку и во самото свето место, гласно пеејќи: „Осана на Синот Давидов! Осана во висините!“ Пофалната песна „Осана“ се вознесува бидејќи во превод значи „Слава“. Додавајќи „во висините“, покажале дека Тој се прославува со песна не само на земјата и не само од луѓето, туку и од ангелите на небото. Значи, како деца, посетени од Светиот Дух, тие на Господ Му принеле совршена и потполна химна, сведочејќи дека Тој, како Бог, го оживеа четиридневниот мртовец Лазар… Како што во Исус Христос, како што кажува Божјиот апостол, нема ни машки ни женски пол, ни Елин ни Јудеец, туку сите се едно, така во Него нема ни кнез ни потчинет, туку сите ние преку верата во Него и Неговата благодат сме едно. Наоѓајќи се во Неговото Тело, во Црквата, ние имаме една Глава – Него; благодатта на Светиот Дух соединува само во еден дух; сите сме примиле едно крштение и сите имаме една надеж; и еден е нашиот Бог, над сите и преку сите, и во сите нас. Значи, да се љубиме еден со друг, да се трудиме еден за друг, бидејќи сме соединети едни со други. Знакот според кој н? познаваат дека сме Негови ученици е љубовта, и тоа е Татковото наследство, кое Тој ни го остави заминувајќи од овој свет. И последниот совет што ни го даде при заминувањето кај Својот Отец ја утврди нашата меѓусебна љубов.

Свети Григориј Палама