
На 26. 03. 2017 година, во Четвртата недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Преносот на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски; света маченичка Кристина Персијанка и на светиот свештеномаченик Публиј, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.