
Австралиско – сиднејска православна епархија
Информативна служба
Предмет (02/2018): Честитка (По повод 20 годишниот јубилеј од ракополагањето во јеромонашки чин на Неговото Високопреподобие Архимандритот г. Гаврил (Галев)
До:
Архимандрит Гаврил (Галев)
Почитуван,
Дозволете да Ви се обратиме со оваа скромна, но искрена честитка од името на сите членови на Информативната служба на Австралиско – сиднејската православна епархија – по повод чествувањето на Вашиот голем јубилеј – 20 години од ракополагањето во јеромонашки чин.
Ви посакуваме уште долги години успешна и од Бога благословена свештеномонашка дејност на Австралискиот континет. Севишнот Бог нека Ви даде сили и мудрост да му служите на Македонскиот народ и набрзо во Вашето лице тој народ да си го добие својот долгоочекуван Митрополит.
На многаја и благаја лета, оче Гавриле!
Со искрена почит,
Информативна служба
Сиднеј,
28. 02. 2018