Беседа по повод празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (09 јануари)
Христос се роди! Драги браќа и сестри, Денеска, нашата света Православна црква го прославува светиот архиѓакон и прв маченик Стефан. Св. ап. Павле, советувајќи го својот сакан ученик Тимотеј, во Второто послание му пишува: „Поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа” (2. Тим. 2, 3). Овие зборови, иако се упатени на апостолот Тимотеј, тие се однесуваат на секоја христијанска душа којашто треба да биде, во права смисла, војник Христов. …
Беседа за празникот Собор на Пресвета Богородица (08 јануари)
Христос се роди! „И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот” (1. Тим. 3, 16) Драги браќа и сестри, Тоа е големата тајна на верата што ние денес ја прославуваме. На денешен ден небото се отвори и славата Господова ја осени Земјата. Ангелите Божји ја пеат песната на љубовта, мирот и добрата волја помеѓу луѓето. Денес е празник на Божјата љубов кон нас, грешните луѓе. Денес …