Обраќање до црковните општини во Австралија, по повод прославата на големиот Јубилеј 50 години автокефалност на МПЦ-ОА
Драги браќа и сестри, Пред педесет години, Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид донесе историска одлука. Поточно, донесе заклучок Светиот архиерејски синод да го возобнови автокефалниот статус на Охридската архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Во овој временски период, нашата света црква се развиваше на сите полиња. Се возобновија многу цркви и манастири, се отвори Богословско средно училиште и Богословски факултет. Се изградија нови епархиски центри. Се умножи …
Беседа за празникот на преподобниот Наум Охридски (03 јули)
митрополит г. Тимотеј Беседа за празникот на преподобниот Наум Охридски (03 јули) Драги браќа и сестри, Нашиот живот не е ништо друго, освен, пат кон вечноста. На тој пат излегуваме преку нашето раѓање, а истиот завршува со нашата смрт. Според тоа, сите што живееме на земјата, сме патници. За едни, тој пат е краток, за други долг, а за трети, пак, подолг, односно, за луѓето кои доживуваат длабока старост. …
Велигденско послание од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј
Митрополит Тимотеј Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и возвеселиме во него“ (Пс. 117, 24) Драги браќа и сестри, Овој ден е навистина радосен и спасителен за сите верници. За него мечтаеле старозаветните праведници. Многумина од нив би биле многу радосни, доколку, би можеле да Го созерцаваат, но, не се удостоиле за тоа. …
Беседа за празникот Богојавление – Водици (19 јануари)
„Се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе” (Тит 2, 11) Драги браќа и сестри, На денешен ден Христос му се јави на светот и го просвети. На денешен ден, врз Себе, ги зеде нашите гревови и го згази ѓаволот. На денешен ден Божјата благодат блесна од небото за сите луѓе. О чудо големо и преславно! Христос се труди а ние постануваме овенчани. Он ја уништува змиската глава во водата …
Беседа за чествувањето на Обрезанието Господово и свети Василиј Велики (14 јануари)
Во името на Отецот и Синот и Свeтиот Дух! Драги браќа и сестри, Во книгата Мудрост Соломонова се вели: „Праведниците живеат до века. Нивната награда е во Господа, за нив се грижи Севишниот” (Муд. Сол. 5, 15). Божјите угодници се луѓе кои својот живот го поминале во овој свет во подвижништво и во исполнување на волјата Божја. Па, затоа, Бог е нивниот заштитник и во Него се наоѓа нивната надеж …