A sermon on Sunday of Orthodoxy – Metropolitan Timothy / Беседа во Неделата на Православието – Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! Драги браќа и сестри, Нашата света Црква е наша вистинска духовна мајка. Таа постојано се грижи за нашето спасение и за вечниот живот. Така, изминатите недели нè подготвуваше за почетокот на овој Велигденски пост. Последната недела од подготвителните недели, ни зборуваше за протерувањето на Адам од рајот. Денеска, пак, Црквата нè повикува да го прославиме торжеството на Православието, односно, торжеството на …

 Беседа во Средата од првата седмица од Великиот пост – Митрополит Тимотеј / A sermon on Wednesday from the first week of the Great Lent – Metropolitan Timothy

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! Драги браќа свештенослужители и почитувани верници, Целиот период на Великиот пост е време за наше покајание и поправање. Гревот најпрво се појавил кај ангелскиот свет, а потоа, кај родот човечки. Тој, во својата основа и по својата природа е противење на Бога. Во ангелскиот свет, тоа противење, се искажува како борба против Бога. Кога ангелот кој отпаднал и постанал ѓавол, се …

Беседа во Неделата на блудниот син – Митрополит г. Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.   Драги браќа и сестри,   Втората подготвителна седмица пред Велигденскиот пост, Црквата ја нарекува – Недела на блудниот син. Таа се нарекува така бидејќи на светата Литургија се чита Евангелското четиво за блудниот син. Историјата на блудниот син можеме да ја сретнеме, не само во светото Евангелие, туку, и во секојдневниот живот, во одделни семејства, кај познаници, па и во …

Беседа за празникот Собор на свети Јован Крстител (20 јануари)

митрополит г. Тимотеј Беседа за празникот Собор на свети Јован Крстител Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Светата Православна црква денеска го прославува Соборот на св. Јован Крстител и Претеча на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Овој Божји угодник се прославува повеќе пати во годината. Исто така, секој вторник е посветен на св. Јован. Божјата промисла била таква што тој, поради неговиот свет, …

Беседа за празникот на преподобниот Прохор Пчински (01 ноември)

Митрополит г. Тимотеј  Пустинскиот жител и телесен ангел Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Светиот апостол Павле во своето послание до Галатјаните вели: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите” (Гал. 5: 24). Нема сомневање дека и преподобниот Прохор Пчински, го распнал телото со страстите, а како резултат на тоа, спечалил или живеел живот подобен на …