ВЕЛИКИОТ ПОСТ – ПАТ КОН ВОСКРЕСЕНИЕТО
Кога човек се спрема да појде на пат, тој треба да ја знае целта на своето патување. Истото се однесува и на Великиот пост. Постот е пред сѐ духовно патување, а негова крајна цел е Пасха (Воскресението, Велигден), „благденот над благдените“. Постот е припрема за „исполнување на Пасхата, како вистинито Откровение“. Затоа, најнапред, мораме да ја разбереме врската помеѓу Великиот пост и Пасхата, оти таа врска ни открива нешто суштествено, …
ТОЛКУВАЊЕ НА ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)
Оваа молитва е вклучена во богослужбениот циклус во посниот триод преку целиот период на великиот пост. Почнувајќи од вторник и четврток навечер (службите за Среда и Петок), во Сирната седмица пред постот, па до страсната недела, секоја богослужба завршува со молитвата на св. Ефрем Сирин. Свети Ефрем Сирин бил монах, пустиножител од 4 век кој живеел во Сирија. Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу …
Простете! – Отец Гаврил (Галев) / Forgive me! – Father Gavril (Galev)
Простете! Простувањето е основа и почеток на духовниот живот како и за Големиот Пост. Простувањето е примање на Бога во себе. Простувањето е врата, која ако простиме, ја отвараме и во срцето Го примаме Бог и оној на кого сме му простиле. Но ако некому не простиме, значи дека Христос е надвор од нашето срце и ние немаме ништо со Христос. Простувањето е помирување, прво со Христос, а потоа и …
Кој ни е ближен? – Свети Јован Кронштадски
Ближен треба да го сметаме секој човек, кој и да е, макар и непријател, а особено кога му е потребна помош. Заради стекнување на вечен живот треба да се почитуваат двете најважни заповеди – љубов кон Бога со сето срце и кон ближните. Да се љуби ближниот како себе, значи да се почитува како себе, ако тој, сепак е достоен за тоа. Да не се мисли за него недостојно …
Избрани поуки од свети Климент Охридски
Бог е вечна и бесконечна Светлина, неприкосновена, ниту за умот достижна, ниту со збор искажлива, неопфатна и недопирлива. Таа е просвештение за секое разумно создание. Таа е за духовниот она што е сонцето за видливиот свет. Таа го просветлува овој видлив свет и го прави забележлив за телесните очи. Доколку се осветлуваме, Таа Светлина е чувствувана од нас; доколку е почувствувана, Таа буди љубов кон Себе; и доколку е возљубена, …