Како правилно да го изобразуваме крсниот знак

Најпрво, ги составуваме палецот, показалецот и средниот прст од десната рака, а преостанатите два прста ги свиткуваме надолу. Така составени, трите прсти ги ставаме на челото, велејќи: во името на Отецот , потоа под градите, изговарајќи ги зборовите: и Синот, на десното рамо, а потоа на левото, велејќи: и Светиот Дух. Амин. Трите соединети прсти ја означуваат нашата вера во Пресвета Троица, во Отецот и Синот и Светиот Дух, а …