Богојавление во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Тропар на Богојавление Кога се крштеваше во Јордан, Господи, се објави поклонението на Света Троица. Зашто Родителот (Отецот) сведочеше за тебе, нарекувајќи Те возљубен Син; и Духот во вид на гулаб ја известуваше потврдата на зборот. Христе Боже, Кој се јави и светот го просвети, слава Ти. Troparion of Epiphany (Theophany) Lord, when You were baptized in the Jordan, the worship of the Trinity was made manifest. For the voice …

Водопост во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 18. 01. 2018,  кога Светата Црква го празнува празникот +Водокрст и споменот на Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I; Преподобна Аполинарија, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на протојереј Александар Ивановски и на старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Царски часови и Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови …

Водопост во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 18. 01. 2018,  кога Светата Црква го празнува празникот +Водокрст и споменот на Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I; Преподобна Аполинарија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Царски часови со Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија беше извршен Голем водосвет.

Свечено прославен споменот на свети Василиј Велики, архиепископот Кесариски во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Празнувањето започна со Вечерна богослужба, а на самиот ден на празникот празнувањето продолжи со Утрена богослужба и Света Василиева Литургија. По Литургијата беа прочитани молитви за почетокот на Новата година. Народот се поклони на светите мошти.   На 13. 01. 2018 година, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ …

Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Божествена Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.