ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА

Пречистиот храм Спасителов, скопоцената свадбена одаја и Дева, свештената ризница на славата Божја, денес во домот Господов се воведува, со себе и благодатта на Светиот Дух воведувајќи ја; ангелите, пак, Божји пеат: Таа е небесната скинија. (Кондак на Воведение, глас 4) На 04. 12 . 2018 година, кога го чествуваме празникот Воведение на Пресветата Владичица наша Богородица – Пречиста, во црквата „Св. Петка“ – Рокдајл, од страна на парохискиот свештеник …

27 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

На 02. 12 .2018 година, во 27 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за  светиот пророк Авидј, светите Варлаам и Јоасаф и на преподобниот Порфириј Кавсокаливит, молитвено беше прославен нивниот спомен во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија со Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

26 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

На 25. 11 .2018 година, во 26 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за светиот Јован Милостив, преподобниот Нил Мироточив и светиот пророк Ахиј , во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија се отслужија Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

СОБОР НА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ И НА ДРУГИТЕ СИЛИ БЕСТЕЛЕСНИ

Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, началници на ангелите и наставници на луѓето, полезно за нас просите и голема милост, како бестелесни Архистратизи. (Кондак на Св. Арх. Михаил и бестелесните сили,  гл. 2) На 21. 11. 2018 година, денот кога го чествуваме споменот на Светиот Архистратиг Михаил и на другите Сили небесни бестелесни,  низ храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се …

25 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 18.11.2018 година, во 25 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за светите маченици Галактион и Епистима, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс) од страна на парохискиот свештеник – отец Владо Недески, во сослужение на архимандритот Гаврил Галев, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.