ВОДОКРСТ
На 18.01.2019 година, денот кога ги празнуваме светите маченици Теопемт и Теона и светиот пророк Михеј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. После завршувањето на Литургиите, во секој од храмовите беше извршен Голем Богојавленски Водосвет.
ОБРЕЗАНИЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС И СВ. ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ
Господарот на вселената трпи обрезание и, како до- бар, ги отстранува човечките прегрешенија; денес на светот му дава спасение, а во висините се радува и Создателовиот светлоносен ерарх и божествен Хри – стов тајник Василиј. (Кондак на празникот, глас 3) На 14.01.2019 година, денот кога го празнуваме Обрезанието по тело на Господ наш Исус Христос и светиот Василиј Велики, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени …
33 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (ПО РОЖДЕСТВО)
На 13. 01. 2019 година, во 33. недела по Педесетница (по Рождество), со Свети Божествени Литургии во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, молитвено беше прославен споменот на преподобната Меланија Римјанка и блажениот Теофилакт Охридски. НаБожествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СВЕТИ АПОСТОЛ, ПРВОМАЧЕНИК И АРХИЃАКОН СТЕФАН
Ти се покажа прв меѓу ѓаконите и прв меѓу мачениците, сесвети Стефане, оти им беше пат на светите, и на ГосподаМу приведе многу мачени – ци. Затоа и небото тебе ти се отвори и Бог ти се јави. Него моли Го, да се спасат душите наши. (Хвалитна стихира на Утрена на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан) На 09. 01. 2019 година, денот кога си спомнуваме за светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, …
СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Зошто се чудиш Марија? Зошто те плаши тоа што е во тебе? Затоа што безвремениот Син го родив во времето, рече таа, без да бидам упатена во зачну- вањето на детето. Ете, јас сум немажена, и како ќе родам Син? Кој видел бессемено раѓање! Но, каде што сака Бог, ги победува природните закони, како што пишува. Христос се роди, за порано паднатиот образ да го обнови. (седален, глас 4. на …