СВЕТИ ЕФТИМИЈ ВЕЛИКИ

Преподобен и славен оче Ефтимие, откако го оста- ви она што е на земјата, си Го следел Христа, без да ги претпочиташ распадливите богатства повеќе од идните; живеејќи во пустината како во град, си ги погубил демонските полкови. Кој би можел да ја искаже навистина топлината на твојата душа кон Господа, преславен? (Хвалитна стихира, глас 8, на Утрена на преп. и богоносен отец наш Ефтимиј Велики)   На 02. 02. …

СВ. АТАНАСИЈ И КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ

Свечено да ја прославиме големата слава на светите Атанасија и Кирила, непобедливите застапници, зашто тие со силата на Пресветиот Дух ги поразија таборите на ересите, и трофеите на Православието ги подигнаа по целата вселена, давајќи го точниот број на Троичната тајна, според ипостасите и нивните различни својства, и пак собирајќи ги во неслиено единство, поради еднаквоста на нивната суштина и, херувимски богословејќи, се молат постојано за душите наши. (Стиховна стихира …

35 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

На 27. 01. 2019 година, во 35. недела по Педесетница (оддание на Богојавление), со Свети Божествени Литургии во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, молитвено беше прославен споменот на светата Нина, просветителка на Грузија и светиот Сава, ахиепископ Српски. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

СОБОР НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Сакајќи да ја крстиш чистата и нетлена Светлина, ти се покажа како најчист сад, Јоване. Предизбран од Бога да бидеш најголем од сите, и најпочитуван меѓу пророците, се удостои да Го видиш Оној што беше претскажуван (од пророците). (песна од канонот на Утрена на Собор на свети Јован Крстител). На 20.01.2019 година, во денот кога Црквата го прославува празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован , во храмовите …

БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Дојдете, верни, да видиме каде Христос се крсти! Да го проследиме тоа што се случи на рекоата Јордан, кон гласот на оној што вика во пустината, и да го видиме таму Создателот на Адама, како се крштава од раката на слугата, поради Неговото неискажливо човекољубие, и кон Него велегласно да извикаме: Ти си дошол и си се јавил во Јордан да ги осветиш водите. ( Седален, глас 4. на Утрена …