СОБОР НА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ И НА ДРУГИТЕ СИЛИ БЕСТЕЛЕСНИ
Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, началници на ангелите и наставници на луѓето, полезно за нас просите и голема милост, како бестелесни Архистратизи. (Кондак на Св. Арх. Михаил и бестелесните сили, гл. 2) На 21. 11. 2018 година, денот кога го чествуваме споменот на Светиот Архистратиг Михаил и на другите Сили небесни бестелесни, низ храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се …
25 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)
На 18.11.2018 година, во 25 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за светите маченици Галактион и Епистима, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс) од страна на парохискиот свештеник – отец Владо Недески, во сослужение на архимандритот Гаврил Галев, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СВЕТА ТАЈНА КРШТЕНИЕ ВО MANJIMUP
Во саботата, 10 ноември 2018 година, кога гo одбележуваме споменот на Светата Великомаченичка Параскева од Иконија, во малото градче Мanjimup, кое што се наоѓа на околу 350 километри југо-западно од Перт, се отслужи Света Божествена Литургија проследена со Света Тајна Крштение. На Светата Божествена Литургија верниците се причестија со Светите Христови Дарови. Светата Тајна Крштение како и Светата Литургија ги изврши парохиски свештеник , протоереј-ставрофор отец Станко Јовановски. Македонската Православна …
СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ – МИТРОВДЕН
Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И, како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема. (Тропар на Св. вмч. Димитриј ) На 08.11.2018 година, кога го прославуваме споменот на св. вмч. Димитриј Солунски, молитвено беше прославен неговиот спомен со свети Божествени Литургии низ храмовите на Австралиско …
† АРХИЕПИСКОПСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР
„Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите. Тогаш наместо казна беа измешани јазиците, а сега се обновува едногласноста на душите наши“ (стиховна стихира на Слава… на Вечерна на Педесетница). Недостижна е врвната сила на Бога, Кој преку Својот Дух ги …