НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЏИЛОНГ
На 08. 09. 2024 година, во единаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија; Преподобен Титој; Свети Зер-Јаков, во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот протојереј –ставрофор Чедомир Илиевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ПОКЛОНЕНИЕ НА КУРСКАТА ИКОНА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК И ЗАЕДНИЧКА МЛАДИНСКА ПОСЕТА
Со благослов на нашиот надлежен архиереј, Митрополитот г-дин Тимотеј и на архиепископот г-дин Георгиј од РЗПЦ во саботата на 7-ти септември 2024 година во македонскиот православен манастир „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн се излеа посебна благодат со пристигнувањето на чудотворната икона на Мајката Божја, Курска и Коренска. По пристигнувањето на иконта таа беше поставена на централното место од храмот и во продолжение беше отслужена света Литургија од игуменот …
ЧУДОТВОРНАТА КУРСКА ИКОНА ВО ЕПИНГ
Со благослов на нашиот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Тимотеј во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг пристигна чудотворната икона на Мајката Божја позната под името „Курска-корен“ икона, која беше пречекана од македонските свештеници и верен народ, како и од Помесните православни цркви. Пред иконата беше отслужен Молебен и акатист. Радувај се Невесто неневестна!
ЛИТУРГИЈА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ВО СИДЕНХАМ
На 28. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински во сослужение со отец Гаврил отслужи Света Златоустова Литургија со што беше одбележана храмовата слава. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 25. 08. 2024 година, во деветта недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Аникита и Фотиј и на Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.