ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ НА РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На ден 07. 01. 2025 година, кога го празнуваме Христовото рождество – Божиќ, во македонскиот манастир „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот отец Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата присуствуваа голем број верни чеда, кои пристапија кон Светите Христови Тајни.

ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО РОЖДЕСТВО – БОЖИК ТОРЖЕСТВЕНО БЕШЕ ПРОСЛАВЕН НИЗ ХРАМОВИТЕ ПРИ АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА

Големиот православен празник Рождество Христово – Божиќ торжествено со Свети божествени литургии беше прославен низ храмовите и црковните заедници при Австралиско-сиднејската православна епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ! Нека е за многу години!

БАДНИК ВО ВОЛОНГОНГ

На ден 06. 01. 2025 година, на Бадник во МПЦО „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, Сиднеј, протојерејот Томе Младеновски отслужи Света Василиева Литургија. На богослужението присуствуваше многуброен верен народ.

КОЛЕДЕ ВО ЕПИНГ

На ден 05. 01. 2025 година, во предвечерието на Бадник, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба. После богослужбата беше изврешена литија на која учествуваа голем број млади македончиња на кои им беа поделен божикни пакетчиња. Духовната радост продолжи во црковниот двор, каде што се благослови празничниот колач со паричка.

МАНАСТИР „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД

Манастирот свети Наум Охридски претставува еден вистински бисер и духовно светилиште кое е лоцирано на карпа над охридскиот езерскиот брег. Да се зборува за духовна величина на ова светилиште, претставува предизвик, дури и за најкрасноречивите пишувачи.  Манастирот свети Наум, претставува неисцрпен извор на чудотворства, место каде што живо се чувствуваат Божјата благодат и благословот на охридскиот чудотворец, свети Наум, па токму поради овие факти безбројни се посетителите кои со чиста …