ВЕЛИКА САБОТА ВО РОКДЕЈЛ

Попусто го чуваш гробот, стражо, Зашто тој не може да го задржи самиот Живот   На 04. 05. 2024 година, во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света“ во Петка, старешината на храмот презвитерот Владо Недески отслужи Света Василиева литургија. На богослужението учество зеде мноштво верен народ, кој се  причести со Светите Христови Тајни.

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС  ВОСКРЕСE! Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна1. Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот …

БЕСЕДА ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – РОДИОН ПУТЈАТИН

Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот: – Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш …

ВЕЛИКИ ПЕТОК ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВО ВОЛОНГОНГ, СИДНЕЈ

Како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело? На 03. 05. 2024 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, протоерејот Томе Младеновски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот и и положувањето во Гроб на …

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА И ОПЛАКУВАЊЕ ХРИСТОВО ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА

Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.   На 03. 05. 2024 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот протоерејот Игор Младеновски Владо отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето …