БЕСЕДА ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – РОДИОН ПУТЈАТИН

Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот: – Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш …

ВЕЛИКИ ПЕТОК ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВО ВОЛОНГОНГ, СИДНЕЈ

Како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело? На 03. 05. 2024 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, протоерејот Томе Младеновски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот и и положувањето во Гроб на …

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА И ОПЛАКУВАЊЕ ХРИСТОВО ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА

Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.   На 03. 05. 2024 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот протоерејот Игор Младеновски Владо отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето …

ВЕЛИКИ ПЕТОК

Велики Петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот …

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО ЧИТАЊЕ НА 12 ЕВАНГЕЛИЈА ЗА ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА И ИЗНЕСУВАЊЕ НА РАСПЕТИЕТО ХРИСТОВО ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.