ПЕТРОВДЕН ВО РОКДЕЈЛ

На 12. 07. 2024 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ЗА ЛИТУРГИЈАТА – СВЕТИ ЈОВАН КРОШТАТСКИ

Има ли нешто повеличествено, потрогателно, поживотворно на земјата од св. Литургија? Во неа се изобразува и извршува највеликата тајна на љубовта Божја кон човечкиот род – соединувањето на Бог со луѓето преку воплотувањето, богонауката, преку страданието, смртта, погребението и воскресението – тајна на обновувањето и обожението на човештвото, тајна на соединувањето на луѓето со Бога преку вкусување од Неговата Плот и Крв. Таа тајна со своето величие го поразува умот …

ИВАНДЕН ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 07. 07. 2024 година, во втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Раѓањето на свети Јован Предвесник и Крстител Господов – Иванден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески во сослужение со свештеникот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 16. 06. 2024 година, во 7-тата Недела по Воскресение (на Светите Отци на I Вселенски собор ), кога го празнуваме споменот на светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула, на светиот свештеномаченик Лукијан и на светиот маченик Димитриј, принц руски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот …

БЕСЕДА ЗА ВОЗНЕСЕНИЕ – ИГУМЕН ГАВРИЛ

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух На денешниот ден го славиме настанот на Христовото возенсението на небесата. [Празникот Вознесение Господово – е ден во кој Господ се вознесе на неботo (Дела. 1, 1-12; Мк. 16, 12-19; Лк. 24, 50-52). Откако Господ Исус Христос се распна на Kрстот за нас, за откуп на нашите гревови и избавување од смртта, во третиот ден воскрена од мртвите. Пропаста (пеколот), не …