Велигденско послание од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј
Митрополит Тимотеј Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и возвеселиме во него“ (Пс. 117, 24) Драги браќа и сестри, Овој ден е навистина радосен и спасителен за сите верници. За него мечтаеле старозаветните праведници. Многумина од нив би биле многу радосни, доколку, би можеле да Го созерцаваат, но, не се удостоиле за тоа. …
Огласително слово на светиот и светлоносен ден на преславното и спасително Воскресение на Христа нашиот Бог, од светиот наш отец Јован Златоуст, архиепископ Константинополски.
Кој е набожен и кој Го љуби Бога, нека се наслади од ова добро и светло торжество. Кој е верен слуга, со радост нека влезе во радоста на својот Господ. Оној што се потрудил да пости, сега нека ја прими својата награда. Кој работел од првиот час, денес нека ја прими праведната плата. Ако некој дошол во третиот час, нека празнува благодарејќи. Кој стигнал по шестиот час, да не се …
Вечерна богослужба и света Василиева литургија во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)
На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија. На богослужението учествуваше верен народ, кој се причести со Божествените тајни. Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи …
Вечерна богослужба и света Василиева литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија. На службата учество зеде мноштво верен народ, кој се причести со Телото и Крвта Христови. Божеството Христово се покажа неразделено од Отецот и Духот и во адот, и во гробот, и во рајот, за …
Вечерна богослужба и света Василиева литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови. Кога си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со болскотот на Божеството; а кога и умрените си ги воскреснал од бездните, сите сили небесни Ти …