Светиот великомаченик Димитриј/The Holy and Great Martyr Dimitrios

Светиот великомаченик Димитриј Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и …

Акатист кон Иконата Три Радости

Кондак 1 Пред Тебе, Избрана Војвотко, нема да престанат нашите молитви*, Сесвета Дево Која си го родила Спасот на душите наши – вечната Радост. Ослободи не` од секакво униние и очајание за да Ти пееме: Радуј се Радост наша, Ти која на рацете Свои ја носеше Радоста на сиот свет! Икос 1 Откривајќи ја вечната тајна, Пренепорочна Дево, бестелесниот Архистратиг Гаврил со страв Ти говореше:„Радуј се Благодатна, Господ е со …

Современиот живот и православното воспитување

Православието е живот. Ако не живееме Православно ние едноставно не сме Православни, без разлика на било кои формални верувања кои можеме да ги имаме. Животот во нашиот современ свет стана многу вештачки, многу несигурен, многу збунувачки. Вистина е дека Православието има свој начин на живот, но исто така не е многу далеку од животот во светот и така, животот на православниот христијанин, иако кога тој е навистина Православен не може …

Забава за „широкоградите“ – отец Владимир Дојчев

    Многу нешта се кажаа за „ноќта на вештерките (halloween)“. Во тој контекст беа цитирани и светители од Црквата. Но, и покрај тоа, „празничната“ треска која обзеде некои „широкоградни луѓе“, добива се повеќе на сила. Веќе неколку денови порано, започнуваат подготовките во училиштата и градинките. Родителите како луди ги посетуваат продавниците, за да ги најдат најплашливите и најужасните костуми за нивните деца. За продавачите на тикви, настапува моментот наречен …

50 години возобновена автокефалност на Охридската Архиепископија во лицето на Македонска Православна Црква (1967 – 2017)

Оваа 2017 година изминуваат точно 250 години од укинувањето на Охридската Архиепископија и уште позначајните 50 години од нејзиното возобновување во лицето на Македонската Православна Црква, па по тој повод се навраќаме назад во минатото и во нашиот фокус е историскиот:   Трет македонски црковно – народен собор (Охрид, 17-19 јули 1967)   Светиот Синод на Македонската Православна Црква го свикал Третиот македонски црковно – народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид. Митрополитот г. Доситеј, во …