За новиот човек – Иван Иљин
Современиот свет се движи во пресрет на духовна обнова. За мнозина, сето ова сѐ уште се наоѓа под превез: едни – затоа што не ги одживеале своите стари заблуди продолжувајќи истите да ги сметаат за „последен збор“ на животот и правдата; други пак – затоа што страдањата и лишувањата на нашата епоха се толку силни што од луѓето ги проголтуваат сите нивни сили. Има и такви коишто ја почувствувале неопходноста …
Недела на блудниот син
Неделата на блудниот син е втората подготвителна недела за Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на митарот и фарисејот, а по неа следи Неделата на Страшниот Суд. Во оваа подготвителна недела, Црквата се сеќава на Христовата парабола за големината на Божјата љубов и проштевање, односно параболата за блудниот син (Лука 15,11-24). Секој христијанин треба да увиди дека е далеку од домот на својот Отец, да се покае и да …
Житие на свети апостол Тимотеј (04. 02)
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, …
Кратко житие на преподобен Максим Исповедник (03. 02)
Преподобен Максим Исповедник е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од Ориген до псевдо-Дионисиј Ареопагит, дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се …
Житие: Преподобен Ефтимиј Велики (02. 02)
Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги …