Недела на Православието

Икона на празникот Недела на Православието е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува победата на иконодулите (почитувачите на иконите) врз иконокластите (иконоборците), изразена во одлуките на Седмиот вселенски собор. Оттука, Црквата си спомнува за повторното воведување на иконите во јавните богослужби и храмови, како и приватните домови на верните. Службите за овој ден најчесто вклучуваат и литија околу храмот, при што свештенослужителите носат икони од светителот …
Житие на Свети Георгиј Кратовски (24. 02.)

Свети маченик Георгиј Кратовски — македонски православен светител со потекло од Македонија кој маченички пострадал за Христовата вера во осумнаесеттата година од својот живот во почетокот на XVI век. Георгиј бил роден во градот Кратово во 1497 година, во семејството на сиромашните Димитриј и Цара. Започнал со школување на шест години, кога неговите родители го дале на училиште, кое било црковно. По добивање на основно образование, неговиот татко го пратил …
Тодорова сабота (Сабота од првата недела на Великиот пост)

Во овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна јавно гонење на христијаните. Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги …
Светиот свештеномаченик Харалампиј (23. 02)

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, …
Светата тајна Eвхаристија (Причест) – свештеник Павле Гумеров

Оваа света тајна, поради својата неизмерна важност ја сочинува суштината на најглавното христијанско црковно богослужење, светата Литургија Светата тајна причестување или Евхаристија е всушност света Литургија која се врши во Црквата како тајна на Христос и на Неговата Црква. На светата Литургија има причестување. Причестувањето е света тајна во која христијанинот во вид на леб и вино го прима самото тело и крв на Господа Исуса Христа, се соединува …