СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (учител на православното тајноводство) – Отец Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот  камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …

СВЕТИ АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ(12. 03)

Овој македонски светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој денес во Бигорскиот манастир се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното петвековно владеење со македонските краишта Агарјаните имале необичен и свиреп обичај за време на тридневното празнување на Бајрам насилно да го преведат во својата исламска вера секој христијанин што ќе го нашле. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев …

НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Икона на празникот Недела на Православието е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува победата на иконодулите (почитувачите на иконите) врз иконокластите (иконоборците), изразена во одлуките на Седмиот вселенски собор. Оттука, Црквата си спомнува за повторното воведување на иконите во јавните богослужби и храмови, како и приватните домови на верните. Службите за овој ден најчесто вклучуваат и литија околу храмот, при што свештенослужителите носат икони од светителот …

ТОДОРОВА САБОТА (САБОТА ОД ПРВАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ)

  Во овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна јавно гонење на христијаните. Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги …

ЛИТУРГИЈА НА ПРЕТХОДНООСВЕТЕНИ ДАРОВИ – ИГУМЕН ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Литургијата од една страна e реална животна средина, а од друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и се вознесе, ни ја покажа и ни ја даде таа вистинска храна – Телото и …