Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)
На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.
Божествена литургија и маслосвет во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија и го изврши чинот на осветување на масло – маслосвет. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
Божествена литургија и маслосвет во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија и потоа и чинот на осветување на масло. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
Литургија на претходноосветени дарови во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 12. 04. 2017 година, во светата и велика Среда од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
Цветници во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 09. 04. 2017 година, кога се празнува празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.