Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 22. 10. 2017 година, во 20-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на светиот апостол Јаков; преподобниот Андроник и неговата сопруга Анастасија; светите праведни Авраам и Лот; свети Димитриј, патријарх Александриски; свети Стефан, деспот српски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 15. 10. 2017 година, во 19-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на свети Андреј Јуродив; светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина и светите маченици Давид и Константин, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл,  протојерејот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 15. 10. 2017 година, во 19-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на свети Андреј Јуродив; светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина и светите маченици Давид и Константин, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 10. 2017 година, кога Светата Црква го празнува споменот на празникот Покров на Пресвета Богородица; на свети апостол Ананија; преподобен Роман Слаткопевец и на преподобниот Јован Кукузел, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 08. 10. 2017 година, во 18-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на преподобна Ефросинија; преподобен Сергеј Радоњежски и преподобна Евросинија Суздајска, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.