ЛИТУРГИЈА НА ПРАЗНИКОТ ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО РОКДЕЈЛ

На 11. 09. 2024 година, кога го празнуваме празникот Отсекување на главата на свети Јован Крстител, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

СПОМЕНОТ НА СВЕТИ ФАНУРИЈ ОДБЕЛЕЖАН ВО ЕПИНГ

„Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.“    На 09. 09. 2024 година, кога го празнуваме празникот на светиот маченик Фануриј, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Веднаш по Литургијата беа благословени фануриите.   „Спаси ја, Господи, грешната мајка на свети Фануриј, а …

НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЏИЛОНГ

На 08. 09. 2024 година, во единаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија; Преподобен Титој; Свети Зер-Јаков, во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот протојереј –ставрофор Чедомир Илиевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ПОКЛОНЕНИЕ НА КУРСКАТА ИКОНА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК И ЗАЕДНИЧКА МЛАДИНСКА ПОСЕТА

Со благослов на нашиот надлежен архиереј, Митрополитот г-дин Тимотеј и на архиепископот г-дин Георгиј од РЗПЦ во саботата на 7-ти септември 2024 година во македонскиот православен манастир „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн се излеа посебна благодат со пристигнувањето на чудотворната икона на Мајката Божја, Курска и Коренска. По пристигнувањето на иконта таа беше поставена на централното место од храмот и во продолжение беше отслужена света Литургија од игуменот …

ЧУДОТВОРНАТА КУРСКА ИКОНА ВО ЕПИНГ

Со благослов на нашиот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Тимотеј во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг пристигна чудотворната икона на Мајката Божја позната под името „Курска-корен“ икона, која беше пречекана од македонските свештеници и верен народ, како и од Помесните православни цркви. Пред иконата беше отслужен Молебен и акатист. Радувај се Невесто неневестна!