СВЕТИ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ

Големиот украс на епископите, убавина на светителите, правило на монасите, слава на пустиниците, дарител на милоста, светилник на расудувањето, откако дојдовме, верни, да го прославиме учителот на кротоста, љубител на божественото, премудриот архиереј, великиот светител и отец, Гаврил епископот Велички и новиот Лесновски чудотворец, ѕвездата која ги просветува помрачените луѓе и ги осветлува сите верни. Затоа, пристапувајќи кон гробот на неговите мошти, со љубов да ги целиваме и да повикаме: …

СВЕТИ АПОСТОЛ, ПРВОМАЧЕНИК И АРХИЃАКОН СТЕФАН

Ти се покажа прв меѓу ѓаконите и прв меѓу мачениците, сесвети Стефане, оти им беше пат на светите, и на ГосподаМу приведе многу мачени – ци. Затоа и небото тебе ти се отвори и Бог ти се јави. Него моли Го, да се спасат душите наши. (Хвалитна стихира на Утрена на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан)   На 09. 01. 2019 година, денот кога си спомнуваме за светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, …

СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Зошто се чудиш Марија? Зошто те плаши тоа што е во тебе? Затоа што безвремениот Син го родив во времето, рече таа, без да бидам упатена во зачну- вањето на детето. Ете, јас сум немажена, и како ќе родам Син? Кој видел бессемено раѓање! Но, каде што сака Бог, ги победува природните закони, како што пишува. Христос се роди, за порано паднатиот образ да го обнови. (седален, глас 4. на …

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК

Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева; денес Беспочетниот влегува во времето, и Словото се вопло – тува: силите небесни се радуваат, и земјата со луѓето се весели; мудреците Му принесуваат дарови на Гос – пода, а пастирите Му се восхитуваат на родениот, а ние непрестајно викаме: Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја. (Хвалитна стихира на Рождество)   На 07. 01. 2019 …

ПРЕТПРАЗНЕНСТВО НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БАДНИК

На 06.01.2019 година, во предвечерието на празникот Рождество Христово, на Бадник, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Празнични Вечерни богослужби. На крајот од богослужбите, беа прекршени празничните бадникови колачи. На верниот народ му беше поделено од бадниковиот колач а на најмалите им беа поделени пригодни подароци, а потоа сите заеднички присуствуваа на бадниковата трпеза.