СОБОР НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Сакајќи да ја крстиш чистата и нетлена Светлина, ти се покажа како најчист сад, Јоване. Предизбран од Бога да бидеш најголем од сите, и најпочитуван меѓу пророците, се удостои да Го видиш Оној што беше претскажуван (од пророците). (песна од канонот на Утрена на Собор на свети Јован Крстител). На 20.01.2019 година, во денот кога Црквата го прославува празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован , во храмовите …

БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Дојдете, верни, да видиме каде Христос се крсти! Да го проследиме тоа што се случи на рекоата Јордан, кон гласот на оној што вика во пустината, и да го видиме таму Создателот на Адама, како се крштава од раката на слугата, поради Неговото неискажливо човекољубие, и кон Него велегласно да извикаме: Ти си дошол и си се јавил во Јордан да ги осветиш водите. ( Седален, глас 4. на Утрена …

ВОДОКРСТ

На 18.01.2019 година, денот кога ги празнуваме светите маченици Теопемт и Теона и светиот пророк Михеј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. После завршувањето на Литургиите, во секој од храмовите беше извршен Голем Богојавленски Водосвет.  

ОБРЕЗАНИЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС И СВ. ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

Господарот на вселената трпи обрезание и, како до- бар, ги отстранува човечките прегрешенија; денес на светот му дава спасение, а во висините се радува и Создателовиот светлоносен ерарх и божествен Хри – стов тајник Василиј. (Кондак на празникот, глас 3) На 14.01.2019 година, денот кога го празнуваме Обрезанието по тело на Господ наш Исус Христос и светиот Василиј Велики, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени …

33 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (ПО РОЖДЕСТВО)

На 13. 01. 2019 година, во 33. недела по Педесетница (по Рождество), со Свети Божествени Литургии во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, молитвено беше прославен споменот на преподобната Меланија Римјанка и блажениот Теофилакт Охридски. НаБожествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.