ВЕЛИКИ ПЕТОК – ВЕЧЕР

Оној што некојгаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, викајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне. (Кондак, глас 6. на Утрена на Велика Сабота) На 26 .04 .2019 година, вечерта на Велики Петок, во храмовите на Австралиско – …

ВЕЛИКИ ПЕТОК – УТРО

На 26. 04. 2019 година, утрото на Велики Петок, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени царски часови со Вечерна богослужба, на која беше изнесена светата плаштаница.

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – ВЕЧЕР

На 25. 04. 2019 година, на Велики Четврток, кога си спомнуваме за спасителните страдања на Спасителот наш Господ Исус Христос , во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, во вечерните часови, беа отслужени Утрени богослужби со читање на дванаесетте страдални Евангелија.  

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – УТРО

На 25. 04. 2019 година, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на Тајната вечера, миењето на нозете, свештената молитва и предавството Јудино, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургиите беше отслужена Света Тајна Елеосвештение.  

ЦВЕТНИЦИ

Со гранки, умно и духовно очистени, верно да Го восфалиме Христа како децата, гласно пеејќи Му на Господа: Благословен си, Спасителу, Кој дојде во светот, за да го спасиш Адама од древната клетва, духовно станувајќи Новиот Адам, Спасителу, Слово, Кој благоволи да создадеш сè премудро, слава Ти. (Седален на Утрена на Цветници, глас 4) На 21.04.2019 година, кога го празнуваме влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – празникот Цветници, …