СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ
На 17. 11. 2024 година, во дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобен Јоаникиј Велики; Светиот свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и на Ермеј презвитерот, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, јерејот Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 10. 11. 2024 година, во дваесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева (Петка); Светиот маченик Теренциј; Свети Стефан Саваит; Свети Атанасиј, патријарх Цариградски; Свети Димитриј, епископ Ростовски и на Преподобен Арсениј Кападокиски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА НА ХРАМОТ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВО ВОЛОНГОНГ
На 08. 11. 2024 година, кога го празнуваме празникот посветен на Светиот великомаченик Димитриј, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, протојерејот Томе Младеновски во сослужение на свештеникот Климент Џепаровски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО РОКДЕЈЛ
На 03. 11. 2024 година, во деветнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобен Иларион Велики; Свети Иларион Мегленски; Преподобен Филотеј;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 19 Nedela po Pedesetnica. Vo deneshnoto evangelsko zacalo slusnavme za Hristoviot sovet da bideme milostivi kako sto e …
ПРАЗНИКОТ СОБОР НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛИ ПРОСЛАВЕН ВО ЕПИНГ
На 06. 10. 2024 година, во петнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на сите македонски светии, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.