Заштитникот на верата – г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! (Матеј 5,10) Драги браќа и сестри, Денес во храмот[1] посветен во негов спомен, дојдовме да го прославиме големиот заштитник на верата наша, дојдовме да му ја оддадеме заслужената чест на светиот Атанасиј Велики, архиепископот Александриски, кој неизмерно ревнувајќи за вистината и правдата, бранејќи го Православието од лажните учења претрпел дури гонение …
Homily of the publican and pharisee – Father Gavril
To some who were confident of their own righteousness and looked down on everyone else, Jesus told this parable: 10 “Two men went up to the temple to pray, one a Pharisee and the other a tax collector. 11 The Pharisee stood by himself and prayed: ‘God, I thank you that I am not like other people—robbers, evildoers, adulterers—or even like this tax collector. 12 I fast twice a week …
Беседа за митарот и фарисејот – Архимандрит Гаврил
А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.« А митникот стоеше оддалеку; …
Митарот/The tax collector
Забележуваме неколку восогласени видa покајно однесување кај митарот: „стоеше оддалеку“, „ни очите да ги подигне“, „се удираше в гради“ и „велеше: ’Боже, биди милостив кон мене, грешниот!‘“ (види: Лука 18, 10–14). Што мислите, која од овие силни и заемно поврзани пројави на покајание најмногу ја открива неговата духовна состојба? Аскетскиот плач по Бог, поинаку речено, големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот …
Закхеј
Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може да се откаже од својата човечка слава, знаејќи дека со својата постапка ќе изгледа смешен, или дури и споулавен, во очите на целата јавност (види: Лука 19, 1–10). Колкумина од нас се навистина подготвени да се откажат …