ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! – Архимандрит Гаврил (Галев) / CHRIST IS RISEN! – Father Gavril (Galev)

Воскресението е светлина. Кога ќе речеме воскресение, нас едноставно не асоцира на светлина. Велигденскиот поздрав, Христос воскресна! Навистина воскресна! е пренесување на светлината Христова. Изрекувајки го овој поздрав ние ја сведочиме светлината. За да ја сведочиме таа светлина треба живо да соучествуваме во настаните од животот Христов: Неговите маки, распнување, погребение и слегување во адот и воскресение. Преку аскетско-исихастичкиот подвиг на очистување на срцето од страстите да ги распнеме нашите …

Велигденско послание – 2018

† СТЕФАН   ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!    Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.[1] Подвигот е Негов, а венците наши.[2]   Возљубени празникољупци,   …

ОДЛУЧЕТЕ СЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ – ЗА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО ИЛИ ЗА ЦАРСТВОТО ЗЕМНО! – Митрополит Струмички Наум / MAKE A CHOICE – THE KINGDOM OF HEAVEN OR THE KINGDOM OF EARTH – Metropolitan Naum of Strumica

Зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Христос во Ерусалим (види: Матеј 21, 1–11), по само неколку денови на најразлични начини се одрекуваат од Него? (види: Лука 23, 1–25). Од истата причина како и ние денес – со таа разлика што за нив има некакво оправдување, а за нас нема никакво. Причината е заробеноста на нашето срце од страстите, поистоветувањето со овосветските форми на самочовечко здружување …

Славете Го Господа – Митрополит Јосиф Тетовско-гостиварски

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!” (Јован 10,13) Драги браќа и сестри, Со гласно пеење на овие зборови многу деца, возрасни и стари, простирајќи ја својата облека и со палмови гранчиња во рацете, кои се симбол на победата, брзо Го пресретнале и Го прославиле Царот, Кој седејќи на осле, влегол во Ерусалим и го исполнил она што …

Беседа за празникот Цветници

Денес го празнуваме споменот на величественото влегување на Господа во Ерусалим. Тоа е еден од највпечатливите моменти во овоземниот живот на Спасителот. За да можеме поживо да си го претставиме тоа случување и од него да извлечеме поголема поука, мислено да се пренесеме во она време, во оној ден кога тоа се случило. Светиот град Ерусалим се подготувал за големиот празник Пасха. За тој празник во градот доаѓале многу луѓе, …