Царски часови и вечерна богослужба во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 14. 04. 2017 година, во светиот и Велики Петок од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Царски часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.

На службата учество зеде мноштво верен народ.

 

Тебе, Кој со Светлина се облекуваш како со облека, кога Јосиф Те симна од крстот со Никодим, и кога Те виде мртов, необлечен и непогребан, од срце заплака и, ридајќи, говореше: Тешко мене, најсладок Исусе, од Кого сонцето, гледајќи Те на крстот, во мрак се облече, и земјата од страв се тресеше и се раздра црковната завеса; но, ете, сега Те гледам Тебе, Кој заради мене прими смрт: како да Те погребам, Боже мој, или со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело? Или која песна да запеам на Твоето заминување, Милостиве? Ги величам страдањата Твои, го воспевам и Твоето погребение со воскресението, извикувајќи: Господи, слава Ти.