На 14. 04. 2017 година, во светиот и Велики Петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.
На службата учество зеде мноштво верен народ.
Кога беше положен во нов гроб заради сите, Избавителу на сите, смешниот ад, кога Те виде, се исплаши, резињата се скршија, вратите се распадна, гробовите се отворија, мртвите станаа. Тогаш Адам благодарствено радувајќи се, Ти викаше: Слава Му на Твоето снисходење, Човекољупче.