На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Свети Наум Охридски“ во Аделаид, архимандритот Гаврил (Галев) служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беа благословени приносите и се одржа трпеза на љубовта на која отец Гаврил и верниот народ ја имаа можноста подобро да се запознаат и да поразговараат за перспективите на црковната општина.