
На 27. 10. 2017 година, кога го празнуваме споменот на преподобната Параскева (Петка); светите маченици Назариј, Гарвасиј и Протасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.