На 04. 12. 2017 година, кога го празнуваме Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.