На 31. 01. 2018, кога Светата Црква ги празнува +Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беа благословени славските лебови и беше избран нов кум за наредната година.
После тоа се одржа заедничка трпеза за присутните.