
На 03. 12. 2017 година, во 26-тата недела по Педесетница кога го празнуваме Претпразненството на Воведението Богородично и преподобниот Григориј Декаполит, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.