
На 22. 10. 2017 година, во 20-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на светиот апостол Јаков; преподобниот Андроник и неговата сопруга Анастасија; светите праведни Авраам и Лот; свети Димитриј, патријарх Александриски; свети Стефан, деспот српски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, протојерејот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.