На 21. 05. 2017 година, во 6-тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов; преподобниот Арсениј и на света Емилија, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи света Златоустова литургија.
На богослужението учествуваше верен народ, кој се причести со Божествените тајни.
После службата се одржа прослава за „Свети Кирил и Методиј“, на која исто така присуствуваше многуброен народ.