Богојавление (Водици) во храмот „Свети Јован Крстител“ во Џилонг (Викторија)

Тропар на Богојавление

Кога се крштеваше во Јордан, Господи, се објави поклонението на Света Троица. Зашто Родителот (Отецот) сведочеше за тебе, нарекувајќи Те возљубен Син; и Духот во вид на гулаб ја известуваше потврдата на зборот. Христе Боже, Кој се јави и светот го просвети, слава Ти.

Troparion of Epiphany (Theophany)

Lord, when You were baptized in the Jordan, the worship of the Trinity was made manifest. For the voice of the Father gave witness to You, calling You Beloved; and the Spirit, in the form of a dove, confirmed the certainty of His words. Glory to You, Christ our God, who appeared and enlightened the world.

 

 

На 19. 01. 2018 година, кога Светата Црква го празнува големиот празник Богојавление (Водици), во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот, протојереј Чедомир Илиевски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Пo завршувањето нa Литургијата, беше извршен чинoт нa Гoлем Бoгoјaвленски вoдoсвет.

Пoтoa со свечена литија сиoт верен нaрoд, се упaти кoн вoдите нa океанското крајбрежје, кaде, спoред трaдицијaтa во осветената вода, беше положен светиoт Крст.

Годинава прв до светиот Крст стигна Михаил Петровски.

Од име на Управата на црковната општина на младиот Михаил му се подари златен крст.

 

Стихира од Големиот Богојавленски водосвет

Гласот Господов над водите повикува, велејќи: „Дојдете сите, примете Го Духот на премудроста, Духот на разумот, Духот на стравот Божји, на Христа Кој се јави!“

The voice of the Lord upon the waters cries out, saying, ‘Come all of you, receive the Spirit of wisdom, the Spirit of understanding, the Spirit of the fear of God, of Christ who has appeared’.