Служба на светите и спасителни Христови страданија во храмот „Свети Климент Охридски “ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

„Оној што се облекува со светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш храмовата завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сѐ што е создадено: Нему да Му се поклониме“

(Десетти антифон на Утрена на Велики Петок)

 

На 05. 04. 2018 година, во навечерието на Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Радојчо Митрев (старешина на храмот) и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски отслужи Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово, на кое се поклони чесното свештенство и верниот народ.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ.

По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово.