Иако во гроб слезе, Безсмртен,
но силата на адот ја разурна,
и воскресна, како победник, Христе Боже,
Ти што на жените мироносици им рече: радувајте се!
и на Твоите апостоли мир дарувајќи им,
на паднатите им даваш Воскресение.
На 08. 04. 2018 година, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение со протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протојереј Александар Ивановски, презвитер Владо Недески (старешина на храмот) и со протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците и им го честита празникот.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!