„Кога сакаше да влезеш во Светиот град, Господи, луѓето носеа гранчиња од дрвја, воспевајќи Те Тебе, Господару на сите, и гледајќи Те како седиш на осле, како на престол херувимски; поради ова, пееја вака: Осана во висините, блегословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа“
(хвалитна стихира на Утрена на Цветници)
На 01.04.2018 година, кога Светата Црква го празнува Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протојерите-ставрофори Љубомир Милошоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Александар Ивановски, свештениците Игор Младеновски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
Митрополитот Тимотеј за време на Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која може да ја прочитате на следниот линк: http://mpcaus.org/beseda-za-praznikot-cvetnici-mitropolit-g-timotej/.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата беше благословен лебниот принос и беше оржана заедничка трпеза.