На 17.03.2017 година, во третиот петок од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ.
Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни
пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја
беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!