На 09. 04. 2017 година, кога се празнува големиот празник Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.