УТРЕНА БОГОСЛУЖБА И ОПЛАКУВАЊЕ ХРИСТОВО ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА

Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.

 

На 03. 05. 2024 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот протоерејот Игор Младеновски Владо отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.