ТОДОРОВА САБОТА ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВО ВОЛОНГОНГ

На 08. 03. 2025 година, кога се празнува празникот Тодорова сабота, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, старешината на храмот протојереј Борислав Лазов отслужи Света Златоустова божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.